Свет

Ненси Фесер: Западен Балкан да го усогласи визниот режим со ЕУ

Наша заедничка цел е да го запреме растечкиот бран илегални мигранти преку балканската рута, изјави во Берлин германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер, по состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Берлинскиот процес.

На прес-конференцијата Фесер рече дека е договорено усогласување на визниот режим на земјите од Западен Балкан со ЕУ.

Во врска со илегалната миграција, Ненси Фесер рече дека желбата на сите учесници на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Берлинскиот процес е да се зачува можноста луѓето кои бегаат од војна или политички прогон да бидат заштитени и дека постои решеност да се бориме против неправилна миграција, пренесе „Танјуг“.

На почеток