Свет

Односот меѓу САД и Европа е завршен, тврди германски пратеник

Вербалниот напад на Доналд Трамп врз Украина е „целосен неуспех“ за трансатлантската алијанса, тврди висок германски пратеник.

„Ова е чист говор на Кремљ – и на Путин -“, рече Мајкл Рот, претседател на комисијата за надворешни работи на германскиот парламент, откако американскиот претседател го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „диктатор“ и застана на страната на рускиот наратив за тоа зошто започна војната, пренесува Политико.

Во утринската емисија на германскиот ЗДФ, Рот денеска изјави дека е изненаден што „ја слушна оваа пропаганда од Белата куќа“.

Рот, член на Социјалдемократската партија, која заостанува зад конзервативните демохристијани во анкетите пред националните избори во недела, исто така го опиша новиот тон на американската влада како „најлошото можно сценарио“.

„Трансатлантската врска е завршена“, додаде Рот, нагласувајќи дека зголеменото усогласување на Трамп со Путин ја остава Европа „сама дома“ и ја спречува да ги бара „најдобрите опции“ – сега има само најлошото од најлошото.

Острите зборови на Трамп кон Зеленски предизвикаа бранови на бес кај европските политичари.

Клучните европски лидери побрзаа да го уверат украинскиот претседател за нивната континуирана поддршка, а германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Зеленски е избран за претседател на Украина. „Володимир Зеленски е избран за шеф на државата на Украина. Неможноста да се одржат регуларни избори среде војна е во согласност со украинскиот устав и изборните закони. Никој не треба да расправа поинаку“.

На почеток