Охрид

(ВИДЕО) Во Охрид се веат знамиња за Денот на револуционерната борба, Пецаков со порака

Нека ни биде честит големиот државен празник, 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација, напиша градоначалникот Кирил Пецаков.

„Да им оддадеме почит и благодарност на сите кои се вградиле во создавањето на слободна и независна Македонија и заедно сплотени, да продолжиме по патот на развојот и напредокот, градејќи модерно и просперитетно општество“, додава тој.

На почеток