Македонија

Според Светска Банка Македонија ја очекува рецесија, СДС ја влече Македонија во банкрот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Според Светска Банка Македонија ја очекува рецесија, СДС ја влече Македонија во банкрот, секоја година долгот поголем од растот за над 100 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Според Светска Банка Македонија има највисока инфлација до сега, но и најнизок раст на БДП.

СДС ја влече Македонија во бездна, банкрот и иселување.

Пет години како СДС е власт, јавниот долг е зголемен за повеќе од 2,5 милијарди евра. Секоја година генерираат нов долг од над 500 милиони евра. А во исто време растот на БДП е околу 400 милиони. Секоја година со СДС повеќе се задолжуваме отколку што има раст економијата.

Политиката на СДС ја влече Македонија во бездна и банкрот.

Погрешните политики на СДС ги иселија граѓаните. Здравството тоне, образованието е руинирано, на инфраструктурно поле се стагнира.

Се што прави СДС е само поткусурување со македонските национални интереси.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ води европска политика, втемелена на демократски принципи.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го намали данокот на добивка и персоналниот данок на доход на стапка до 8%, и ќе обезбеди даночна предвидливост.

250 милиони евра ќе завршат годишно во општините како капитални проекти преку Министерството за Транспорт и врски. Нема да има општина во Македонија која нема да се развива. Ќе се развиваат и малите и големи општини, и во источниот и во западниот дел од државата.

ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на инфраструктурата и на изградба автопатите од Гостивар до Кичево и Велес до Меџитлија.

На Македонија и требаат проекти и многу работа, а не поделба“, се вели во соопштението.

На почеток