Што носи Урсула Фон дер Лејен, утре слетува во Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со владина делегација ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен. Посетата е планирана на 26 октомври 2022 година (среда) со почеток во 17:50 часот.
Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски е во состав од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.
Премиерот Ковачевски ќе ја пречека ПЕК Фон дер Лејен на работна средба, на платото пред Владата. Замолуваме сите заинтересирани фоторепортери и сниматели кои ќе го проследат настанот да се во Медија центарот на Владата најдоцна до 17:30 часот.
Детална агенда за настанот ќе биде дополнително испратена.