Бајден ја предупреди Русија да не користи нуклеарно оружје
Американскиот претседател Џозеф Бајден ја предупреди Москва да не користи нуклеарно оружје, откако Русија им соопшти на Обединетите нации дека верува дека Украина планира да употреби „валкана бомба“.
„Русија би направила неверојатно сериозна грешка доколку употреби тактичко нуклеарно оружје“, рече меѓу другото Бајден, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека САД се во постојан контакт со Москва во врска со американската кошаркарка Бритни Грајнер, која е во затвор во Русија, откако беше одбиена нејзината жалба против деветгодишната казна за шверц на дрога.
„Ние сме во постојан контакт со руските власти со цел да ги извлечеме Бритни и другите. Досега не наидовме на многу позитивни одговори, но не застануваме“, рече Бајден.