Македонија

Левица има нов генерален секретар

Генералниот секретар на Левица – другарката Јована МОЈСОСКА е новото лице на македонската политичка сцена и идна наша пратеничка, објави лидерот на партијата, Димитар Апасиев.

„Млада, начитана, храбра, чесна… Велемајстор на политичката агитација и моторот на нашата Организација. Која суштинска разлика, човече, од шупливата Шеќеринска или анонимните социјалдемократки и либтарди во Собранието. Одма се приметува човек кој не е контаминиран од семинарите на Сорос, ФЕС или Аденауер.

Ете од кај го црпиме нашиот оптимизам во Борбата. Затоа што нашето време допрва доаѓа! Оти ние тек сега изгреваме, а вие заоѓате.
#Пасокизација“, вели Апасиев.

На почеток