Македонија

Заев се јави: Нашиот македонски сон стана реалност

„Нашиот македонски сон стана реалност!“, пишува експремиерот Зоран Заев.

Тој додава:
Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик. Северна Македонија потпиша договор со ЕУ, на кој што стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија. Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ! Сега веќе не треба да веруваме, СЕГА ВЕЌЕ ЗНАЕМЕ зошто беше храброста, решителноста, визијата… Успеавме! МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет! Радувај се мој македонски народе ! Испишавме историја!#

На почеток