Медведев: Русија мора да ги отфрли барањата на Полска
Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев смета дека Русија мора да ги отфрли барањата на Полска.
Тој смета дека мора да го отфрли барањето за компензација за воените загуби за време на Втората светска војна или да ѝ наплати на Варшава помош од СССР за таа земја.
Медведев на својот канал Телеграм изјави дека СССР испратил стотици милијарди долари во Полска во периодот на социјализмот, пренесува РИА Новости.
Полското Министерство за надворешни работи соопшти претходно денеска дека земјата ќе подготви пресметка за „воените загуби“ во Втората светска војна, за што ќе бара компензација од Москва, по аналогија со репарациите што Варшава сака да ги добие од Германија.
Во средината на октомври, Варшава испрати дипломатска нота до Берлин во која бара репарации од 1,3 трилиони долари за Втората светска војна.
Сè уште нема официјален одговор, но германската влада постојано најавуваше дека нема да го исполни тоа барање.