ЕУ најде земја што може да ја реши гасната криза: „Енергетска сила во подем“
Аргентина има една од најголемите светски резерви од неконвенционални извори, но нема начин да ја извезе.
ЕУ се надева дека наскоро ќе потпише енергетски меморандум со Аргентина, кој има за цел да се справи со проблемите со снабдувањето со енергија предизвикани од војната во Украина.
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за време на посетата на Аргентина, во изјава за новинарите ја истакна важноста од постигнување на тој договор, имајќи предвид дека Аргентина е „енергетска сила во подем“, а во време на високи меѓународни цени на енергијата, пренесува Јутарњи лист.
„Постигнуваме напредок во меморандумот за разбирање за енергетските прашања. Се надевам дека наскоро ќе биде завршен. Не зборуваме за години или месеци, постои јасен взаемен интерес“, рече Борел.
Аргентина има една од најголемите светски резерви на гас од неконвенционални извори, но како што рече Борел, не постои начин да се извезе. „Тоа е потенцијално многу голема гасна сила, но мора да се направат многу инвестиции“, додаде европскиот претставник.
Foto: Shutterstock/Pablo Lupa