Свет

„Путин беше во право“, вели поранешен генерал на американските воздухопловни

Рускиот претседател Владимир Путин беше во право кога предупреди дека светот се соочува со најопасната деценија од Втората светска војна.

Ова во интервју за „Њузмакс“ го изјави пензионираниот бригаден генерал на американските воздухопловни сили Блејн Холт.

„Импотенцијата на САД и вакуумот во лидерството навистина создава опасност од глобални размери“, рече Холт.

Генералот ја издвои и изјавата на Путин дека Русија е отворена за дипломатија во однос на украинското прашање. Холт оцени дека САД треба да се согласат на преговори, за да се спречи понатамошна ескалација на конфликтот.

„Не мора нужно да се согласиме со нивните услови, можеме жестоко да преговараме. Но, подобро е да седнеме на преговарачка маса“, посочи генералот.

Рускиот претседател Владимир Путин во својот говор на пленарната седница на меѓународниот клуб за дискусии „Валдаи“ изјави дека светот се наоѓа на историски пресврт – доаѓа „најопасната и најважната“ деценија од Втората светска војна.

Според неговите зборови, значењето на сегашниот момент е дека сите земји имаат можност да изберат свој, оригинален пат на развој.

Путин изјави и дека украинското прашање може брзо да се реши по мирен пат од оние кои ја водат политиката во Вашингтон, само треба да испратат сигнал.

На почеток