Актуелно

Русија ќе ја изгуби енергетската битка против Западот, вели директор на Меѓународната агенција за енергија

Русија ќе ја изгуби енергетската битка што ја води против Западот, смета Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

„ Непосредно пред инвазијата на Украина, околу 65 отсто од вкупниот извоз на гас на Русија отиде во Европа и 55 отсто од извозот на нафта на Русија отиде во Европа. Европа беше убедливо најголемиот пазар, најголемиот клиент на Русија, а Русија засекогаш го загуби овој најголем клиент“, рече Бирол во интервју за „Еуро њуз“.

На прашањето дали Русија може да ги замени европските клиенти со оние од други региони, Бирол рече дека тоа нема да биде лесно бидејќи голем дел од рускиот гас потекнува од Западен Сибир, а потоа преку гасоводи тече во Европа. Тој потврди дека изградбата на целосно нови гасоводи до Кина или Индија може да потрае до 10 години и ќе бара многу технологија и инвестиции.

„ Не продавате кромид на пазар, туку природен гас. Тоа е друга работа“, вели Бирол.

Тој зборуваше за меѓународната криза и рече дека тоа е криза од невидени размери и обем, која предизвикува пустош во сите делови на светот.

To Top