Русија бара итен состанок на Советот за безбедност
Русија побара Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи состанок во понеделник на 31 октомври.
Русија побарала состанок за да се разговара за нападот на бродовите на Црноморската флота во Севастопол, соопшти денеска заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.
Москва ја обвинува Украина за нападот, а Пољански рече дека Русија официјално го известила генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дека по нападот го суспендира учеството во спроведувањето на договорот за транспорт на украинско жито од пристаништата на Црното Море, пренесува Тас. с.
Полјански изјави дека бродовите на Црноморската флота во Севастопол ја обезбедуваат безбедноста на бродовите што превезуваат украинско жито во согласност со Црноморската иницијатива.
Претходно денеска Русија објави дека го прекинува учеството во договорот за жито поради, како што тврди, украинскиот напад во Севастопол врз воени бродови на Црноморската флота и трговски бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.
Договорот што го постигнаа Украина и Русија на 22 јули во Истанбул со посредство на Обединетите нации и Турција резултираше со извоз на неколку милиони тони прехранбени производи од црноморските пристаништа во Украина до денес.