Свет

Зеленски: Се поправа снабдувањето со електрична енергија во Украина

Снабдувањето со електрична енергија на Украина се подобрува по руските напади врз централите, но сè уште може да бидат неопходни прекини на струја, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Во сабота веќе има значително помалку стабилизација (мерки) и итни исклучувања… но ограничувањата сè уште се можни во некои градови и области“, рече Зеленски за време на видео обраќањето.

Тој, исто така, ја обвини Русија дека цели на објекти за време на поправките и дека некои техничари биле убиени во тие напади, објави Ројтерс.

Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко, претходно денеска изјави дека од следната недела повторно ќе се планираат рестрикции на електричната енергија во земјата, а не вонредни.

На почеток