(ВИДЕО) Возач на ЈСП до директорот: Врати ме на линија
Возач на ЈСП, додека вози автобус, преку социјални мрежи му се обрати на директорот, како што вели, да види цела македонска јавност.
Тој вели дека за мизерни 20.000 денари додека работи како паркирач на автобусите, на „деца“ без работно искуство директорот им дава да возат луѓе низ градот.
Возачот преку јавноста бара директорот повторно да го врати да вози на линија и професионално да си ги извршува обврските.
„Почитуван директоре на ЈСП нека види цела македонска јавност каков директор си ти. Јас сум возач со 15 годишно работно искуство но ме тераш да работам како паркирач за мизерни 20 илјади денари јас што автобусот го возам со затворени очи, а некои деца што пред неколку месеци положиле што немаат ни ден работно искуство им даваш да возат луѓе низ градов значи свесно у смрт ги праќате граганите Има линии како 53, 25 кај што не смее да се згреши, една грешка и се оди право у смрт за тоа ве замолувам да ми се овозможи да возам на линија И најпрофесионално да СИ ја извршувам работата“, стои во описот на видеото.