Најмногу снег на Попова Шапка
Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1 во Крива Паланка, Охрид, Прилеп, 2 во Тетово, Дебар, Претор, 3 во Скопје-Петровец, Штип, 4 во Куманово, Демир Капија, 6 во Струмица, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
8 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Битола, 4 Крива Паланка, Прилеп, Дебар, Крушево, 3 Претор, 1 Берово.
Висината на снежната покривка во 𝟢𝟩 часот утрово била 68 сантиметри на Попова Шапка, 60 во Маврови Анови, 25 во Крушево, 7 во Тетово, 4 во Гостивар.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Облачно со повремен локален дожд, на планините повремен снег. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Времето денеска
Променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.