Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Променливо време со пообилни врнежи – снег на планините, најавува УХМР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со ретки грмежи, се очекува денеска низ земјава, додека на повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег, најави Управата за хидрометеоролошки работи

Оттаму посочуваат дека локално врнежите ќе бидат поинтензивни, со над 20 литри на метар квадратен, а на планините ќе врне снег, со што ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

— реклама —

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне 13 степени, атмосферскиот притисок ќе изнесува 964 хектопаскали, влажноста на воздухот ќе биде 70 проценти, а брзината на ветерот 4 метри во секунда.

— реклама —

Утре времето ќе остане променливо облачно со локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет и со услови за изолирана појава на ретки грмежи. На повисоките места ќе има мешани врнежи од дожд и снег, додека на планините ќе продолжат врнежите од снег.

— реклама —

Во Скопје и утре ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи, проследени со слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од УХМР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

soncevo

Температури до 33 степени, нестабилност во попладневните часови

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и топло време, попладне можен локален дожд со грмежи

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfos6omqd7g0g3G0G0EC

Променливо облачно и топло, локално невреме во попладневните часови

Македонија | пред 1 месец

IMG_4715

Подгответе се за нестабилно време: Локално се очекува град и засилен ветер

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања