Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Од 3 до 13 степени утрово во Македонија – какво време нè очекува денеска?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryiod719hnrjs85ODXMOJ
Скопје1.мк

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд ќе преовладува денеска во Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во претпладневните часови во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

— реклама —

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе се движи од 16 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со можност за слаба магла претпладне. Во попладневните часови во делови од Скопската Котлина се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а највисоката температура ќе достигне 17 степени.

— реклама —

Утрово најстудено било на Попова Шапка, каде што се измерени 3 степени, додека во Маврови Анови температурата изнесувала 5 степени. Во Берово и Тетово биле измерени 6 степени, а во Крива Паланка и Битола 7 степени.

— реклама —

Во Крушево и Охрид утринската температура изнесувала 8 степени, додека во Прилеп, Претор, Велес и на двете мерни станици во Скопје, на Зајчев Рид и во Петровец, биле измерени 9 степени.

Во Кавадарци и Куманово биле измерени 10 степени, во Струмица 11, во Демир Капија 12, а најтопло утрово било во Гевгелија со 13 степени.

Во изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, најмногу дожд наврнал во Гевгелија, каде што се измерени 4 литри на квадратен метар, додека во Претор е регистриран 1 литар на квадратен метар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1ipaltrpljrbdarBJv9

УХМР најавува разведрување: Дожд наутро, сонце попладне и до 24 степени

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

УХМР предупредува на невреме: Пороен дожд, грмежи и град во делови од Македонија

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Попладне можни пороен дожд, грмежи и град, најави УХМР

Македонија | пред 2 месеци

soncevo

Температури до 33 степени, нестабилност во попладневните часови

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања