Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Попладне можни пороен дожд, грмежи и град, најави УХМР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryc5salpee8lb74TKCv98
Скопје1.мк

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, а попладне на места ќе има услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе се движи од 32 до 40 Целзиусови степени.

— реклама —

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 37 степени, а УВ-индексот е 8.

— реклама —

За утре, 24 август, УХМР најавува локална нестабилност во попладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови и за невреме со силен ветер и град.

— реклама —

Според табелата во прогнозата, утрешните максимални температури ќе се движат од 29 степени во Маврово до 38 степени во Гевгелија и Демир Капија, додека во Скопје се очекуваат 37 степени.

— реклама —

Во текот на новата седмица времето, генерално, ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Во вторник максималните температури ќе бидат од 32 до 39 степени, во среда од 31 до 38, во четврток од 32 до 38, во петок од 31 до 37, а во сабота од 33 до 39 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiod719hnrjs85ODXMOJ

Од 3 до 13 степени утрово во Македонија – какво време нè очекува денеска?

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library1ipaltrpljrbdarBJv9

УХМР најавува разведрување: Дожд наутро, сонце попладне и до 24 степени

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

УХМР предупредува на невреме: Пороен дожд, грмежи и град во делови од Македонија

Македонија | пред 1 месец

soncevo

Температури до 33 степени, нестабилност во попладневните часови

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања