Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

УХМР најавува разведрување: Дожд наутро, сонце попладне и до 24 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 45 минути -

Македонија
media-library1ipaltrpljrbdarBJv9

Променливо облачно време со повремен локален дожд во утринските часови, а потоа сончево со мала облачност најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Температурите ќе бидат релативно високи за овој период од годината, со дневни максимуми од 19 до 24 Целзиусови степени.

— реклама —

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието на одредени места повремено ќе се засилува од северозападен правец.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, додека во вториот дел од денот се очекува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне 20 степени.

— реклама —

Утрово најстудено било на Попова Шапка, каде што се измерени само 3 степени, додека во Лазарополе температурата се спуштила на 5 степени. Во Маврови Анови, Битола и Крушево биле измерени 6 степени, а во Крива Паланка 7 степени.

— реклама —

Во Охрид, Виница и Прилеп утринската температура изнесувала 9 степени, во Куманово, Тетово, Штип и Струмица 10 степени, а на мерната станица Зајчев Рид во Скопје 11 степени. Најтопло утрово било во Гевгелија со 14 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, каде што се измерени 21 литар на квадратен метар. Во Виница наврнале 9 литри, во Берово 8, во Куманово 4, а во Штип и Лазарополе по 1 литар на квадратен метар.

Според прогнозата на УХМР, по утринските врнежи следува постепено разведрување и претежно сончево време во поголемиот дел од земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

УХМР предупредува на невреме: Пороен дожд, грмежи и град во делови од Македонија

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Попладне можни пороен дожд, грмежи и град, најави УХМР

Македонија | пред 1 месец

soncevo

Температури до 33 степени, нестабилност во попладневните часови

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и топло време, попладне можен локален дожд со грмежи

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања