Свет

НАТО: „КФОР е подготвен да интервенира“

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоан, разговараше со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Џоан во објава на Твитер наведе дека Косово и Србија мора да покажат воздржаност и да спречат ескалација.

„Разговаравме со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, за тензичната ситуација на северот на Косово. И Белград и Приштина мора да покажат воздржаност и да спречат ескалација. КФОР останува буден и подготвен да интервенира во случај стабилноста да биде загрозена“, напиша тој.

Кфор вчера, по повод ситуацијата на Косово и Метохија, повика на конструктивен дијалог и порача да ја следи ситуацијата и тесно да соработува со лидерите на Белград и Приштина, како и со меѓународните партнери, со цел да се зачува безбедната срединa за сите граѓани на Косово.

На Инстаграм, Кфор ги повика сите страни да ги решат несогласувањата и да разговараат за нив преку конструктивен дијалог.

„Донесете напредок во општеството! Изразете ги своите мислења на мирен начин и барајте компромиси“, рече Кфор.

Претходно заменик-генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоан изјави дека КФОР е подготвен да интервенира доколку се загрози стабилноста на северот на Република Косово и ги повика Белград и Приштина „да покажат воздржаност и да спречат ескалација“.

На почеток