Мета отпушта вработени, над 11.000 луѓе остануваат без работа
Meta Platforms Inc соопшти дека ќе отпушти 13 отсто од својата работна сила, или повеќе од 11.000 вработени.
Ова масовно отпуштање, прво во 18-годишната историја на Мета, следи по отпуштањата што се случија во други големи технолошки компании како Твитер во сопственост на Илон Маск, пишува Ројтерс.
„Не само што онлајн трговијата се врати на претходните трендови, туку макроекономскиот пад, зголемената конкуренција и губењето на рекламите предизвикаа нашите приходи да бидат многу помали отколку што очекував“, рече извршниот директор Марк Закерберг во пораката до вработените.
Компанијата, исто така, планира да го намали дискреционото трошење и да го продолжи замрзнувањето на вработувањата во текот на првиот квартал. Но, не ги откри очекуваните заштеди на трошоците од потезите.
На крајот на септември Мета имаше 87.314 вработени.