Пристигна предупредување од САД: Авиони на Емирати се вратија на аеродромот во Атина
Меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина вчераа беше во состојба на готовност за два лета на „Емирати“ за Њујорк и Дубаи.
Соединетите Американски Држави (САД) издадоа предупредување, поради што авионите полни со патници мораа да се вратат назад, пишува Екатимерини.
Летот за Дубаи требаше да тргне од Атина во 17:55 часот. Патниците нормално се качија во авионот, вратите беа затворени, а авионот одеше до пистата. Но, пред да заврши процесот, капетанот ги известил патниците дека мора да се врати назад поради технички проблем, пишува Прототема. Кога авионот повторно стигнал на паркингот, од патниците било побарано да се симнат, земајќи го со себе сиот багаж. Патниците се подложени на темелни безбедносни проверки. Ништо сомнително не е идентификувано, пишува Екатимерини.
Вториот лет, ЕК 209 за Њујорк веќе полетал и бил над Италија кога пилотот бил известен веднаш да слета. Сепак, ниту Франција ниту Италија не дозволија авионот да слета на некој од нивните аеродроми и така авионот се врати во Атина и слета во 21:56 часот.
⚡ URGENT – #Grèce : Le vol Emirates #EK209 en provenance d'Athènes a été dérouté. #flyingnews pic.twitter.com/Io4FVRHaIa
— FranceNews24 (@FranceNews24) November 10, 2022