Актуелно

Терористички напад во Брисел: Еден полицаец убиен, друг повреден

Еден полицаец загина, а друг е повреден кога денеска во Брисел ги нападна вооружен маж.

Како што јави Скај њуз, тамошните власти изјавиле дека се сомнева дека станува збор за терористички напад.

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека мета на инцидентот биле двајца полицајци.

Напаѓачот е неутрализиран, јавија локалните медиуми. Тој наводно бил застрелан во нозете и стомакот.

Некои од медиумите објавија дека напаѓачот наводно извикал „Алах Акбар“, но овие наводи не се официјално потврдени.

Медиумите јавуваат дека претходно денеска во полициската станица во Евере напаѓачот рекол дека ќе ги убие полицајците. После тоа бил сослушан, но бил ослободен.

За истрагата беа затворени неколку улици.

На почеток