Актуелно

Белата куќа објави нов пакет воена помош за Украина

Белата куќа денеска објави нов пакет воена помош за Украина, кој ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан рече дека пакетот за воена помош вклучува „значаен придонес за воздушната одбрана“, како и американските системи за воздушна одбрана HAWK и Avenger, кои се опремени со Stingers, објави Ројтерс.

Претходно, шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес рече дека земјата ќе испрати уште два системи за воздушна одбрана HAWK од САД, за да помогнат во одбраната од руската инвазија и да ја заштити оштетената инфраструктура.

Таа, исто така, рече дека освен системот за лансирање ракети земја-воздух, Шпанија ќе испрати батерија од шест лесни хаубици и ќе ги обучи украинските екипажи за нив.

На почеток