Македонија

Сали се распука со „непријателите“, му бараат оставка

Што да коментирам за тројца „амбициозни“ само за тендери, вели за „Слободен печат“ министерот за здравство Беким Сали за барањето на чаирскиот огранок на Алтернатива за негово разрешување од министерската функција. Од партијата најавија реакција преку соопштение.

Поранешниот шеф на кабинетот на министерот Сали, Меритон Цивули на прес конференција во име на чаирскиот огранок побара претседателот на Алтернатива Африм Гаши да иницира разрешување на министерот за здравство Сали поради неизвршување на партиската програма, односно вработување Албанци во здравството.

Огранокот на Гаши му даде 10 дена рок да го разреши Сали, бидејќи претседателот иако знаел за незадоволството од министерот, досега ништо не презел. Од огранокот не открија како ќе постапат, доколку Гаши не побара разрешување на Сали.

На почеток