Македонија

Ципрас со честитка до Заев за успешното завршување на процесот на ревизија на Уставот

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, му честиташе на Зоран Заев за исходот од парламентарното гласање за уставните измени поврзани со договорот за името со Грција, соопшти кабинетот на Ципрас.

„Премиерот Алексис Ципрас контактираше со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев и му честиташе за успешното завршување на процесот на ревизија на Уставот, врз основа на Договорот од Преспа“, соопшти кабинетот на Ципрас.

Во Собранието вчера со 81 глас „За“, пратениците ги изгласаа уставните амандмани.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток