Се скарал со брат му, па извадил пиштол и пукал кон него

Од
Објавено на

Вчера околу 14.40 часот во селото Студеничани, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.М.(41) од Студеничани, затоа што околу 14.30 часот во магацинскиот простор од семејната фирма лоциран во селото, по претходна расправија поради нерасчистени имотно-правни односи околу фирмата, од пиштол испукал еден куршум кон неговиот брат А.М.(39) од селото Цветово, скопско и му нанел телесна повреда.
Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава.
