Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ

СДСМ изврши незаконска, противуставна и насилна промена на уставното име на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ изразен на референдумот од 30 септември, кој не беше успешен и со тоа никој во државата нема легитимитет да постапува во спротивност на истиот.

Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз македонската држава и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.

Неправдата не смее да остане. СДСМ покажа дека ја води државата во погрешен правец. Токму затоа треба да си замине. ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за оваа криминогена власт која и нанесе голем број на порази на државата и ја зацрни нејзината иднина да си замине“, се наведува во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток