[ad_1]
Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко изјави денеска дека членството на Украина во НАТО е главен предуслов за мир во Европа и светот и дека повлекувањето на руските војници од територијата на Украина не е доволно за почеток на мировните преговори.
Говорејќи на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс, Канада, тој рече дека Украина сака „да го замени безбедносниот штит на украинските вооружени сили со штитот од член 5 на НАТО“, кој се однесува на колективната одбрана, каде што напад врз една членка на Алијансата се смета за напад врз сите сојузници.
„Нашата порака не е „Во ред, ајде да зборуваме за мир“, туку „Ја поздравуваме Украина во НАТО“, што е предуслов за мир во Европа и мир во светот“, рече поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко и додаде дека „не треба да му се верува на Путин“,пренесе Танјуг.
[ad_2]