Свет

Си-Ен-Ен бара од водителите да пијат помалку алкохол на Нова година

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен побара од своите популарни водители да го намалат консумирањето алкохол за време на преносот на новогодишната прослава.

Новиот претседател на мрежата Си-Ен-Ен, Крис Лихт, оцени дека „консумацијата на алкохол му штети на угледот на новинарските екипи на Си-Ен-Ен“, пренесува американскиот магазин Вераџети.

Американците во последните години се навикнаа да го гледаат водителот Андерсон Купер и неговите колеги како пијат алкохол на Тајмс Сквер во Њујорк, додека новогодишната ноќ е во полн ек,пренесе Танјуг.

[ad_2]

На почеток