Магазин

Од следната недела ќе започне враќањето на укинатите профили на Твитер

Сопственикот и извршен директор на Твитер, Илон Маск, истакна дека следната недела ќе започне „општата амнестија“ за откажаните сметки на оваа мрежа.

Ова се однесува на оние корисници кои не го прекршиле законот или не учествувале во неконтролирано спамирање.

Во анкетата што беше спроведена, повеќе од 72 отсто од 3,2 милиони гласови го одобрија предлогот на Маск за амнестија.

Минатиот викенд Маск го ревитализираше профилот на Доналд Трамп по слична анкета, иако поранешниот американски претседател не се огласи откако му беше обновена сметката.

Последниот пресврт во сагата на Твитер доаѓа откако компанијата отпушти уште околу 50 инженери, без предупредување. Десетици од нив беа отпуштени по електронска пошта, бидејќи нивната „работа не е задоволувачка“.

Останатите вработени добија предупредување за нивното работење и дека неисполнувањето на очекувањата може да резултира со прекин на работниот однос.

Се вели дека овие потези се дел од интензивните напори на Маск да ги намали трошоците на Твитер, кој должи најмалку 1 милијарда долари годишно како камата на заемите земени за купување на компанијата.

На почеток