Од денеска, нашата земја во светот и официјално е Република Северна Македонија.
„Договорот стапува на сила откако ќе биде ратификуван и во грчкиот парламент. Примената е јасно опишана внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш. За домашна употреба со отварање на поглавјата, не повеќе од 5 години“, изјави Заев.
Тој додаде дека откако договорот ќе биде ратификуван и во Грација, тие ќе ги известат сите земји во светот.
По изгласувањето на уставните измени и Уставниот закон , промените уште денеска ќе се објават во Службен весник. Потпис од Претседателот Иванов не е потребен, иако тој најави дека нема да ги потпише одлуките за името кои беа донесени вчера.