ВМРО-ДПМНЕ со повик до граѓаните: Биди дел од проектот „Твоја идеја за промени“ и креирај буџет според твоите потреби и приоритети
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатата година покажаа дека со многу работа и труд може многу да се промени и да се постигне. Преку реализација на голем број на проекти од интерес на граѓаните и подобрување на секојдневното живеење се покажа дека не се сите исти, додека едните крадат и лажат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со посветено работење донесоа подобра иднина за граѓаните, вели опозицијата.
Но, не застануваат тука, ВМРО-ДПМНЕ преку проектот „Твојата идеја за промени“ им нуди можност на граѓаните да ги предложат своите идеи и проекти кои би сакале да се реализираат, се со цел заеднички да се планира развојот на општините.
„Во следните два викенди, на 3ти и 4ти декември, како и на 10ти и 11ти декември, од 11 до 14 часот, граѓаните ќе може да предложат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за буџетска 2023 година. На сите граѓани ќе им бидат презентирани и плановите и проектите кои веќе се испланирани за следната буџетска година од страна на градоначалниците.
Воедно, граѓаните ќе можат и по електронски пат на веб страната http://budzet.mk да ги достават своите предлози кои подоцна ќе бидат разгледани од стручни и професионални лица.
Со ова се нуди можност на сите граѓаните да учествуваат во креираат на проекти финасирани од општинските народни пари и да се зајакне учеството на граѓаните во локалните политики.
Градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ се фокусирани на создавање на модерни и европски општини.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која ги отвора вратите и преку заедничко делување, посветено, одговорно, со многу работа создава подобра иднина и надеж за сите граѓани.
Креираме буџети согласно потребите и приоритетите на граѓаните.
Буџет од народот за народот.
Предложи ја твојата идеја за промените!
Биди дел од промените што носат иднина“, се вели во соопштението.