Во Скопје се шетаат со пиштоли без дозвола, а носат и куршуми
Од
Објавено на
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.И.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.
На 09.09.2022 од страна на полициски службеници на ул.„Ѓорѓи Димитров“ било сопрено патничко возило „ауди“, а при извршениот преглед над пријавениот пронајден бил пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65мм модел 70, со една рамка за истиот и пет куршуми.