Ленин ќе поднесе оставка од „Слобода превоз“ по парализирањето на градот
Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, чии превозници трет ден го блокираат Скопје, вели дека никој нема да се пријави на јавниот оглас на Град Скопје за линиите 20 и 22.
-Никој, претпоставувам, од превозниците нема да се јави, ниту од постојните, ниту некој нов. По логиката на нештата, кој би сакал да влезе, да врши работа, да биде во јавниот превоз и после неколку месеци да ви кажат: „Тужете нѐ за долгот, ќе ви ја одземеме работата“. Се воведе една лоша пракса и довербата во Град Скопје, преку градоначалникот не дозволува луѓето кои сакаат да влезат во оваа работа, имаат интерес. Освен ако тоа не се некои кои се претходно договорени, рече Јовановски во изјава за Сител.
Тој обвинува дека Данела Арсовска ја злоупотребила својата службена положба обесправувајќи ги приватните превозници. Тој ќе побарал и да биде повлечен од директорката позиција во „Слобода превоз“ за целата ситуација да не добива политичка димензија.
-Јас ќе понудам пред превозниците да се повлечам и како Ленин Јовановски и како „Слобода превоз“ од понатамошните процеси, ако веќе тоа беше некаква пречка. Или тоа гледам дека сега се актуелизира до тоа ниво, да некој тоа му е изговор за неспособноста да го реши овој проблем на приватните превозници. Сега јас ќе им го одземам тој комодитет за да можат да се правдаат вперувајќи го прстот кон мене како индивидуа, рече Јовановски.
Данела Арсовска трет ден по ред нема излезе ниту пред медиуми, ниту пред граѓаните за да предложи решение за проблемот, ниту пак, ги повика превозниците на разговор за скопјани да можат редовно да ги завршуваат обврските, а не да бидат закочени на улиците. Единствено, преку социјалната мрежа Фејсбук објави статус преку кој топката ја префрли кон првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и кон актуелната власт.