Магазин

(ФОТО) Кармен Електра изгледа попривлечно од пред 30 години

Кармен Електра (50) неодамна се појави на доделувањето на People’s Choice Awards во Санта Моника, Калифорнија. Актерката за оваа пригода избра атрактивен фустан составен од два дела.

Горниот, сребрен дел формира градник, додека долниот дел е црно свилено здолниште. Во доменот на шминката го одбра моментот кој доминираше во двеилјадитите – тоа е силна црна сенка.

Да потсетиме, Кармен се прослави во текот на деведесетите во серијата „Чувари на плажа“, а сега одвреме-навреме учествува во реални шоуа како „So You Think You Can Dance“ и „Britain’s Got Talent“.

На почеток