На 11.01.2019 година во 16,55 часот во Полициската станица Центар Љ.С.(28) од Дебар пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата “Тодор Александров“ од страна на две лица бил измамен и му земале 5.000 денари.
Лицата го пресретнале оштетениот и му кажале дека на едниот од нив му требаат 5.000 денари, со цел да плател инфузија за сопругата, а како гаранција му оставиле нараквица што наводно вредела и му рекле дека ќе се вратат. Оштетениот им ги дал парите и ги чекал некое време, но истите не се вратиле, по што пријавителот сфатил дека бил измамен.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.