Свет

Ликвидиран лидерот на Исламската држава

Еден од првите луѓе на најозлогласената терористичка организација на светот бил ликвидиран во Авганистан, потврдија синоќа од американската армија.

Портпаролот на американските сили во Авганистан, Џубон Менди изјави дека еден од највлијателните лидери на џихадистите, Хетаб Емир бил убиен во акција на американските сили која што била изведена на 10-ти јануари во областа Нангархар во Авганистан.

„Елиминирањето на Џубон Емир ќе помогне во заштитата на недолжните Авганистанци од нападите на Исламската држава и ќе ја намали нивната присутност во провинцијата Нангархар“, порача Менди.

Припадниците на Исламската држава имаат силни упоришта на истокот од Авганистан недалеку од границата со Пакистан и моментално се една од најголемите и најопасни милитантни групации во оваа земја.

Иако Исламската држава веќе неколку години се распаѓа, сепак, на Блискиот исток џихадистите и натаму имаат поддржувачи и контролираат помали територии во неколку држави.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток