(ВИДЕО) Скромна елка, по некоја светилка и тезга – накитен плоштадот „Македонија“
Од
Објавено на
Плоштадот Македонија е едно од ретките места кои ќе светнат во време на кризата и препирањата во Скопје. Елка, има, потоа и куќарки кои секоја Нова година се на плоштадот. Сите поставени на фонтаката која пропаѓа барем двапати годишно.
Претходните години, имаше многу повеќе тезги. Денеска, можеа да се затекнат две. Се продаваа традиционалните честитки, имаше и балони, жижици. Дел од тезгите поставени на централниот плоштад во Скопје, беа отворени. Дел отвораат навечер. Туристите пак, беа оние кои најчесто се фотографираа околу елката.
Новогодишни украси има и на дел од улиците.