(ВИДЕО) Снимка од воздух: Скопје угушено, а со него и жителите
Веќе неколку дена последователно Скопје се вбројува меѓу најзагадените градови во светот. Мерењата покажуваат дека индексот на загаденост на воздухот во главниот град е на екстремно високо ниво и е опасно по здравјето, а најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Центар и кај Ректорат. Ништо подобро не е ниту во Карпош и Ѓорче Петров.
Според платформата „Ај-Кју-Ер“, метрополата утринава се наоѓа на деветтото место на листата најзагадени градови во светот. Со индекс на загаденост на воздухот од 166, пред Скопје единствено се наоѓаат градови од Кина, Индија, Пакистан, Бангладеш и Гана.
Согласно владината одлука, МЖСПП во соработка со Министерството за здравство им препорачува на сите правни субјекти да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, како и да го реорганизираат работното време и лица на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.