Се урна авион во БиХ, има мртви
Од
Објавено на
Спортски авион се урна во Босна и Херцеговина, кај Приједор, јавуваат медиумите во Република Српска.
Авионот се урнал во нива покрај автопатот Приједор-Козарска Дубица, а според неофицијални информации од Срна во несреќата загинале две лица.
Местото на несреќата го обезбедуваат припадници на полициската управа Приједор, а присутни се и припадници на Територијалната противпожарна единица за спасување.
На местото на несреќата со своите соработници пристигнал и градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор.