Путин: За време на Бенедикт Шеснаесетти, односите меѓу Руската православна црква и Римокатоличката црква значително се развија
Претседателот Владимир Путин и рускиот патријарх Кирил му изразија сочувство на папата Франциско за смртта на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти.
Путин на Телеграм напиша дека Бенедикт Шеснаесетти е „истакната верска и државна личност, непоколеблив заштитник на традиционалните христијански вредности“, пренесува Спутник.
„За време на неговиот понтификат беа воспоставени целосни дипломатски односи меѓу Русија и Ватикан, беа развиени врските меѓу Руската православна црква и Римокатоличката црква“, напиша Путин.
Во писмото испратено од патријархот Кирил до папата Франциско, се наведува дека поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти го сакал источното христијанство и ги почитувал традициите на руското православие.
„За време на понтификатот на Бенедикт Шеснаесетти, односите меѓу Руската православна црква и Римокатоличката црква значително се развија во духот на братската соработка и желбата за соработка за надминување на понекогаш болното наследство од минатото“, напиша патријархот Кирил.
Бенедикт Шеснаесетти почина на 96-годишна возраст, соопшти претходно Ватикан.
Бенедикт Шеснаесетти почина во манастирот на Мајката црква во Ватикан, изјави портпаролот на Светата столица.
Бенедикт Шеснаесетти беше папа од 2005 до 2013 година, кога се пензионираше на негово лично барање. Оттогаш живеел во манастирот Матер Еклезија во Ватикан.