Македонија денеска го презема претседавањето со ОБСЕ


Македонија денеска го презема годишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
„Голема одговорност и чест е да го преземеме претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Нашата цел ќе биде да се фокусираме на самите принципи на завршниот акт на Хелсинки, во интерес и потреби на народот“, рече министерот за надворешни работи и новиот претседавач со ОБСЕ Бујар Османи.
Османи рече дека планот на ОБСЕ е да им пружи помош на населението погодено од конфликтот, но и на другите на кои им е потребна, бидејќи задача на организацијата е да ги ублажува кризите и да го поддржува мирот.
Османи посочи дека Украина ќе остане приоритет и клучно безбедносно прашање, бидејќи војната во таа земја ја поткопа европската безбедност и ги загрозува мирот и стабилноста на континентот и пошироко, соопшти ОБСЕ.
Зачувувањето на вредностите на ОБСЕ и почитувањето на меѓународното право мора да бидат заеднички приоритет, посочи Османи.
Според него, работата ќе се фокусира и на поддршка на одржливиот економски раст и соработка во областа на животната средина.
Османи официјално ќе биде инаугуриран како претседавач и ќе ги претстави приоритетите на Македонија за време на претседавањето на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на 12 јануари.
