Македонија

Мицкоски спремен да ја придружува Вјоса Османи кога ќе лета преку скопскиот аеродром: Црвенееа ДУИ минатата година кога имало исти случаи?

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека се понудил следниот пат кога косовската претседателка Вјоса Османи ќе лета преку скопскиот аеродром, да ја придружува додека да го напушти. Тој ги праша ДУИ, дали се црвенееле и во 2023 година кога биле власт, а имало вакви инциденти, исто така со претседателката на Косово.

„Тие се црвенеат од 2023 година, бидејќи два вакви случаи имало и тогаш, кога тие биле дел од Владата. Разликата е што тогаш немаше јавност, сега има јавност. Оваа Влада е демократска. И затоа јас лично, кажав на состанокот и тука, а поврзано со соопштението на МНР, жалиме што се случил овој настан“, рече Мицкоски.

Прашан какви инциденти имало со Османи минатата година, Мицкоски рече: „Тие ќе бидат дел од истрагата и нема да можам да давам детални информации за тие случувања. Кога ќе биде завршниот извештај, претпоставувам МВР и официјално ќе се обрати до јавноста“.

На почеток