Свет

Севернокорејски дрон ја прелета канцеларијата на јужнокорејскиот претседател

Севернокорејско беспилотно летало ја прелета канцеларијата на јужнокорејскиот претседател, кога минатиот месец пет севернокорејски беспилотни летала беа на јужнокорејска територија.

Според изворот, дронот накратко влегол во северниот дел на зоната на забранети летови, но не се приближил до клучните безбедносни објекти, пренесува ТАСС.

Јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп вчера му го пријавил инцидентот на претседателот Џун Сук-јеол, пренесува Јонхап. Радиусот на зоната за забранети летови е приближно 3,7 километри, според агенцијата. Пет севернокорејски беспилотни летала го нарушија јужнокорејскиот воздушен простор на 26 декември. Едниот дрон полета во Сеул и се врати, додека другите четири беа видени како летаат во близина на остров западно од главниот град, пред да исчезнат од радарите.

Јужнокорејската армија се обидела да ги собори, но не успеала, наведува агенцијата.

На почеток