Свет

Зеленски им се обрати на Русите: Кукавици

Десетици цивили се уште се водат како исчезнати откако руска ракета погоди станбена зграда во Днепар, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Спасувачите продолжија да бараат повеќе од 30 луѓе во урнатините од станбената зграда, рече тој.

Се бориме за секој човек“, рече тој во вечерашното обраќање.

„Спасувањето ќе продолжи се додека постои и најмала шанса да се спасат животи.

Тој им се заблагодари и на оние во странство кои испратија пораки со сочувство и поддршка. Според официјалните податоци, бројот на загинатите во нападот се искачи на 29, меѓу кои и едно дете. Седумдесет и три лица се водат како исчезнати.

Зеленски им се обрати на Русите и на руски.

„Би сакал да им се обратам на сите во Русија кои сè уште немаат неколку зборови да го осудат овој терор, иако сè јасно гледаат и разбираат. Вашиот кукавички молк ќе заврши дури кога овие терористи ќе ве нападнат еден ден“, рече Зеленски.

Нападот на Днепар беше најжесток од неколкуте во саботата. Раководството во Киев остро ги осуди нападите врз цивилното население и постојано зборуваше за „руски терор“.

На почеток