Актуелно

Бајден: Се наоѓаме во критичен момент

Американскиот претседател Џозеф Бајден одржа проповед на неделната богослужба во црквата Ебенезер во Атланта.

Бајден беше првиот американски претседател кој одржа говор во чест на годишнината од животот и наследството на активистот за човекови права Мартин Лутер Кинг Џуниор, објави Ројтерс.

Бајден зборуваше во баптистичката црква Ебенезер на покана на нејзиниот пастор, демократскиот сенатор Рафаел Ворнок, кој неодамна победи на изборите како прв афроамерикански сенатор од Грузија.

Бајден им порача на американските граѓани да се грижат за ликот и делото на Мартин Лутер Кинг за да се надминат поделбите, екстремизмот и расната неправда, пренесува Ројтерс.

„Факт е дека стојам овде во критичен момент за Соединетите Држави и за светот според мене. Мораме да ја избереме заедницата наместо хаосот. Дали ние луѓето ќе ја избереме љубовта наместо омразата? Тоа се прашањата на нашето време и зошто сум тука“, рече Бајден.

Бајден истакна дека Кинг се борел за еднаквост и дека неговата мисија е духовна и морална.

„Мојата порака до нацијата денес е да одиме напред. Ајде да одиме заедно“, рече Бајден.

Многу претседатели, вклучително и Бајден, во минатото ја посетија црквата Ебенезер за да му оддадат почит на Кинг, обично за време на прославата на празникот Мартин Лутер Кинг Џуниор околу неговиот роденден, но Бајден е првиот што зборува од говорницата на редовната неделна служба, според Ројтерс.

На почеток