Свет

Бугарскиот амбасадор повикан во Софија поради сериозната состојба со правата на Бугарите

Бугарија го повика на консултации во Софија нејзиниот амбасадор во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, соопштија надлежните служби, пренесуваат бугарските медиуми.

Причината за неговото привремено враќање во земјата, според написите е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на манифестациите и злосторствата на омраза против нив во последните месеци.

„Амбасадорот е во Скопје каде од минатата недела има тензија, вербални напади и закани кон бугарски активисти во РСМ, подметнат пожар во Културниот клуб „Иван Михајлов“ – Битола во јуни 2022 година, три последователни напади врз зградата на организацијата „Цар Борис Трети“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивна антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, насилен напад на 19 јануари 2023 година над Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Цар Борис Трети“ во град Охрид“, пренесува БНТ.

Целта на консултациите, според медиумот е да се разговара за можностите за запирање на опасната тенденција на засилување на притисокот врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за натамошен развој на билатералните односи.

На почеток