Актуелно

Бугарскиот амбасадор за случајот со Пендиков: „Се чека вистинската истрага од обвинителството и потоа се чека судот“

„Гледам дека обвинителството еволуирало и сега се зборува дека се уште се нејасни мотивите на делото. Се чека вистинската истрага од обвинителството и потоа се чека судот“, изјави синоќа во телевизиско гостување Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор во Скопје, кој е повлечен од Софија по нападот над секретарот на „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

Ангелов смета дека Христијан не бил наркодилер и дека крајот на декември лани поднел барање за добивање бугарско државјанство, кон кое е приложено уверение за криминално досие издадено од судот во Охрид, дека не му е судено.

Во моментов Кристијан е стабилен по операцијата, рече Ангелов, но долго време нема да може да консумира цврста храна.

Моето враќање во РСМ ќе биде оценето од надлежните институции во Бугарија. Мора да се врати довербата што беше изгубена, додаде амбасадорот.

На почеток